Руските војници отворија оган во градот каде се наоѓа најголемата европска нуклеарна централа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руските сили отворија оган во украинскиот град Енергодар, недалеку од најголемата европска нуклеарна централа, при влегувањето со тенкови, изјави во четвртокот советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Херашченко.

Тој претходно рече дека руските сили ги засилуваат напорите да ја преземат контролата врз нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина.

Работниците во електраната живеат во блискиот град Енергодар.

Русија веќе го освои Чернобил, кој се наоѓа на стотина километри северно од Киев.