Македонија се подготвува да прифати бегалци од Украина, пишува Алсат-м.
Како што пишува телевизијата, додека се рпави планот, во државата веќе се пристигнати четворица бегалци од Киев, од кои еден Украинец е веќе сместен во Куманово, а три Украинки во Скопје кај нивни блиски личности.
Инаку, досега според Обединетите нации се проценува дека Украина за една недела ја напутиле еден милион жители, а допрвасе очекува бегалскиот бран да расте и да достигне бројка од над пет милиони раселени лица.

