Руските сили се обидуваат да го блокираат украинскиот пристанишен град Мариупол и да извршат напади врз возови за да спречат евакуација на цивили, изјави градоначалникот Вадим Бојченко во денешното видео обраќање.
Постојаните напади во изминатите 24 часа доведоа до прекин на снабдувањето со вода и струја, а на локалните власти им е потребен прекин на огнот за да се продолжи со снабдувањето со електрична енергија, рече тој, пренесе Ројтерс.
„Напаѓачите систематски и методично се обидуваат да го блокираат градот Мариупол“, рече тој.
Заврши средбата Москва-Киев: Договорени хуманитарни коридори
Градот и пристаништето Мариупол на југот на Украина се опколени со руски војници, соопшти претходно денеска украинскиот министер за внатрешни работи Антон Херашченко.
„Окупаторите сакаат да го претворат во окупација на Ленинград“, тврди Херашченко, алудирајќи на нацистичката окупација на Ленинград, каде што загинаа 1,5 милиони луѓе за време на двегодишната блокада.
Украинска служба: 34 жртви во нападите во регионот Харков
Најмалку 34 цивили загинаа, а други 285 се повредени во руските напади врз областа Харков во североисточна Украина, соопштија украинските служби за итни случаи.
Во соопштението на Украинската државна служба за вонредни состојби се наведува дека Русите продолжиле да гаѓаат станбени области и цели населби со бомби и гранати.
Десетици пожари избувнале поради муниција во куќи и административни згради, јавува Си-Ен-Ен.
Најмалку 22 цивили загинаа во гранатирање на станбена област во Чернихив
Украинската служба наведува дека тоа е извршено преку напади на оваа област во средата, а меѓу погодените места има и станбени згради и административни згради, како и фирми.
Тврдат дека во една гаража загинале три лица.
На полноќ, велат од службата, бил извршен „масовен воздушен напад“ врз градот Изум, кој траел два часа.
Во нападот е оштетена петкатна станбена зграда, соопшти украинската служба.
Украинската служба објави и дека е извршен голем воздушен напад врз станбената област Салтивка.
Осум цивили загинаа во Изиум кај Харков
Осум цивили, меѓу кои две деца, загинаа во воздушните напади на руските сили врз градот Изиум, два часа југоисточно од Харков, изјави заменик-градоначалникот Володимир Мацокин.
Тој додаде дека неколку полицајци се повредени во погодената владина зграда.
Тој додаде дека е причинета значителна материјална штета во центарот на градот, пренесува BBC.
Претходно Макокин на Фејсбук напиша дека цивили загинале кога граната ја погодила нивната станбена зграда.