Долги се редиците на бензинските пумпи низ Куманово, но и низ останатите градови во државата, откако почнаа да кружат муабети на социјалните мрежи дека поради недостаток на нафтени деривати ќе се воведуваат рестрикции.
Од компанијата „Макпетрол“ која најголем снабдувач во Македонија, велатдека рестрикции нема да има, но паниката е создадена од најавено покачување на цената.
– Макпетрол ги известува потрошувачите дека нема рестрикции и прекин во снабдувањето на гориво на бензинските пумпи на оваа компанија и покрај фактот дека во овој момент Макпетрол работи со загуба.
Компанијата апелира до потрошувачите да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини за да не ја загрозат опшштата безбедност на граѓаните.
Инаку, според неофицијални информации се очекува зголемување на малопродажната цена за дури девет денари. Редовна седница Регулаторната комисија за енергетика одржува секој понеделник кога се носат ценовниците кои се унифицирани, но според шпекулациите кои кружат во јавноста можно е вонредна седница да се одржи уште вечерва.