Америка планира повеќе од 30 милијарди долари за Украина

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден бара од Конгресот да одобри дополнителни трошоци во износ од 32,5 милијарди долари за помош на Украина и зајакнување на американскиот одговор на пандемијата на Ковид, објавија денеска американските медиуми.

Loading...

Белата куќа бара 10 милијарди долари средства за итна воена и хуманитарна помош за Украина, откако Русија изврши напад врз таа земја минатата недела, објави Вашингтон пост, пренесува Ројтерс.

Средствата ќе бидат насочени кон поддршка на обуката на украинската армија, заштита на енергетската мрежа на земјата, зајакнување на нејзината сајбер одбрана и примена на западни санкции, пишува весникот, цитирајќи два извори запознаени со ова прашање.

Тоа е за 3,6 милијарди долари повеќе отколку што бараше Белата куќа на 25 февруари, ден откако силите на рускиот претседател Владимир Путин ја нападнаа соседна Украина.

Дополнителни 22,5 милијарди долари ќе бидат наменети за зајакнување на националниот одговор на пандемијата на долгорочно управување со Ковид-19 и подготовка за потенцијални нови варијанти на вирусот и можни скокови на бројот на заразени, соопшти Канцеларијата за управување и буџет на САД во соопштението.

Белата куќа подоцна денеска официјално ќе побара од Конгресот дополнителни средства, се вели во текстот.