Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со неговиот француски колега Емануел Макрон.
Според Кремљ, Путин му рекол на францускиот претседател дека „целите на воената операција во секој случај ќе бидат завршени“.
Тој предупреди дека ако руско-украинските преговори се одложат, тогаш Москва ќе има нови барања кон Киев. Во исто време, Руската Федерација е подготвена да соработува со странските партнери во решавањето на хуманитарните проблеми.
Лајен: Дополнителни чекори против Русија доколку ситуацијата се влоши
Во разговорот со Макрон, Путин не се согласува со зборовите на претседателот на Франција, кој ги нарече „лаги“ дека Русија се бори против нацизмот во Украина. Според Кремљ, Путин дал образложени објаснувања за важната улога на неонацистите во земјата.
Путин ги претстави руските услови на Макрон во контекст на преговорите со претставниците на Киев.
Како што се наведува, пред се се бара демилитаризација и неутрален статус на Украина – за заканата за Русија никогаш да не дојде од нејзина територија.
Претседателот на Русија му рекол и на Макрон дека не се точни наводите за бомбардирањето на Киев и други украински градови, туку „елементи на антируската кампања за дезинформации“.
Кои се најблиските соработници на Путин задолжени за војната?
Путин го повика Макрон да ги здружи силите за да обезбеди безбедна евакуација на странците од Украина.
Тој му порача на претседателот на Франција дека западните земји не направиле апсолутно ништо за да го принудат Киев да ги почитува договорите од Минск.