Украинската делегација патува со хеликоптер до локацијата на преговорите

Сподели со своите пријатели

Украинската делегација патува со хеликоптер до локацијата каде што ќе се одржи втората рунда преговори со Русија, пренесува Ројтерс советник на украинскиот претседател.

Loading...

– За неколку часа ќе започне нова рунда преговори, изјави Михаило Подољак.

Разговорите меѓу украинската и руската делегација ќе започнат во Белорусија околу 14:00 часот по Гринич (15:00 часот по средноевропско време), а Киев планира да разговара за воспоставување хуманитарни коридори пред да премине на други прашања, објави украинскиот преговарач Дејвид Араками на Фејсбук.