Орбан: Подготвени сме да бидеме домаќини на преговорите меѓу Русија и Украина

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека неговата земја ќе биде подготвена да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Loading...

Говорејќи за Би-Би-Си за границата меѓу Унгарија и Украина, Орбан рече дека одговорноста за завршување на војната лежи, пред сè, на руската страна.

Блиска врска

Во минатото, Орбан имаше блиски односи со претседателот Путин, со 11 средби во последните 12 години, а последната пред еден месец во Москва.

Во исто време, неговата влада ги затегна односите со Украина, поради законот за јазици за кој владата тврди дека го дискриминира големото унгарско малцинство во Украина.

Утрово, додека го посетив прифатниот центар за бегалци во Берегсурани на унгарско-украинската граница, го прашав која е неговата порака до украинскиот претседател Зеленски и рускиот претседател Путин.

– Немам порака за никого. Имам порака само до оние бегалци кои се тука – одговори Орбан.

Само мир

Loading...

– Унгарија е добар пријател на Украина и на украинскиот народ, ако им треба помош овде, може да сметаат на нас. Мислам дека на лидерите не им треба порака и совет од мене. Тие се одлични момци и знаат подобро од мене што да прават. Она што е унгарска желба, не е совет, не е порака. Само желба од срце. Мир, ве молам, мир – рече тој.

Унгарската влада ја понуди Будимпешта како место за идни мировни преговори меѓу Русија и Украина, како алтернатива на разговорите на релативно ниско ниво што веќе се одржаа во белорускиот главен град Минск.

„Војната може да се запре само со преговори, мировни преговори и прекин на огнот“, рече Орбан, пренесе Би-би-си.