Автобус полн со бегалци од Украина се превртел рано утринава на место недалеку од Лублин.
Локалните медиуми јавуваат дека најмалку четири деца се повредени и итно пренесени во болница.
„Автобусот одел во правец на Варшава кога ненадејно слетал од патот во канал и се превртел“, соопшти локалната полиција.
Во автобусот имало 73 лица, меѓу кои и двајца возачи. Најмалку пет патници се пренесени во болница.
Децата наводно не се опасни по живот.