Русија ја прекина испораката на ракетни мотори во Америка: „Летајте со своите метли“

Сподели со своите пријатели

Русија ја прекинува испораката на ракетни мотори за Америка, изјави шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин.

Loading...

„Донесовме одлука да ја прекинеме испораката на ракетни мотори произведени од корпорацијата „Енергомаш“. Потсетувам дека испораката на овие мотори се врши постојано од 90-тите години на минатиот век. Тоа се првенствено мотори RD-180 и RD-181 кои користат ракети Atlas-5 и Antares“, нагласи тој.

Тој додаде дека Американците во иднина ќе мора да летаат во вселената со „своите метли“.

Рогозин посочи и дека руската вселенска програма, во светлината на новите санкции, ќе биде ревидирана, но дека приоритет ќе се даде на производството на сателити кои се неопходни за одбрана.

Ќе се реализираат сите планови околу производството и поставувањето на сателити“, нагласи тој.