Руски тајкун пронајден мртов во Велика Британија

Сподели со своите пријатели

Рускиот тајкун е пронајден обесен во својата гаража во куќа на еден од најексклузивните имоти во Велика Британија.

Телото на Мајкл Ватфорд (66) во понеделникот го пронашол градинар на имотот Вентворт.

Ватфорд, кој е татко на три деца, своето богатство го стекнал во рафинерии за нафта во Украина, а потоа основал компанија за недвижнини откако се преселила во Британија.

Полицијата ја истражува смртта со „најголема сериозност“ бидејќи стравува дека Ватфорд е на листата за отстрел, а британските медиуми потсетуваат дека Москва се поврзува со бројни „смртни случаи во егзил“ во Британија.