Отворена истрага за воени злосторства во Украина

Сподели со своите пријатели

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд објави дека отворил истрага за можни воени злосторства во Украина, откако ја побарале голем број земји-членки на судот.

Loading...

Руската инвазија на Украина резултираше со смрт на стотици цивили, а стотици илјади беа принудени на егзил.

„Почнува активна истрага на барање на 39 земји-членки на судот“, рече главниот обвинител Карим Кан.

„Веќе во прелиминарната истрага за ситуацијата во Украина, мојата канцеларија најде оправдано сомневање дека таму се извршени злосторства за кои овој суд е надлежен“, рече тој.

Обвинителството сега ќе започне со собирање докази за наводите за воени злосторства, злосторства против човештвото или геноцид на кој било дел од украинската територија против кое било лице, рече Кан.

Украина е членка на МКС од 2014 година, по руската анексија на Крим, додека Русија не ја признава нејзината јурисдикција.