Германските власти заплениле луксузна јахта вредна речиси 600 милиони долари од рускиот олигарх Алишер Усманов поради санкциите што ги воведоа западните земји по руската инвазија на Украина, објави Форбс, повикувајќи се на блиски извори.
Јахтата долга 155 метри, наречена Дилбар, била запленета во пристаништето во Хамбург, каде што се опслужувала во бродоградилиштето Блом + Вос, објави Форбс.
Ниту германската царина, ниту управата на бродоградилиштето не беа достапни за коментар.
Усманов е сопственик на руската металуршка компанија Металоинвест, издавачката куќа Комерсант и вториот по големина руски мобилен оператор МегаФон.
Тој е еден од 25-те руски олигарси поврзани со рускиот претседател Владимир Путин, на кои западните земји воведоа санкции.
Некогаш беше еден од главните акционери на фудбалскиот клуб Арсенал, а денес е спонзориран од Евертон, кој му ги раскина договорите откако беа објавени санкциите.