Француската полиција уапсила војници кои се обиделе да одат во Украина и да се борат против Русите, пишува Раша тудеј.
Loading...
Во Париз наводно се уапсени 14 членови на Легијата на странци од украинско потекло, откако полицијата запрела автобус чија дестинација е Украина, а во кој имало дури 14 легионери од 30 патници.
Цивилите беа ослободени, а полицијата откри дека пет легионери побегнале од своите единици.
Останатите девет добиле 15-дневно отсуство за да одат во Полска и да ги најдат членовите на семејствата кои побегнале од Украина.
По проверка на идентитетот на патниците, автобусот го продолжил патувањето кон Украина.
Полицијата го пребарала возилото, но не било пронајдено оружје – само ќебиња.