ОН: Досега во Украина се убиени 227 цивили, а 525 се повредени

Сподели со своите пријатели

Канцеларијата на ОН за човекови права соопшти дека досега е потврдено дека во Украина загинале 227 цивили, а 525 се повредени.

Loading...

„Најголемиот број жртви се должат на употребата на експлозиви, гранатирање и тешка артилерија, како и како резултат на напади со повеќецевни ракетни фрлачи и воздушни напади“, се вели во соопштението на ОН од Женева, пренесува Ројтерс.

Од ОН наведуваат и дека веруваат оти реалниот биланс е „значително поголем“, особено затоа што извештаите пристигнуваат доцна во областите каде што се водат интензивни борби.