Улиците се полни со крв и мртви луѓе, раскажуваат жителите на Харков

Сподели со своите пријатели

Во една улица во Харков, рушевини серасфрлани наоколу, земјата е обоена со крв, а телата на луѓето извадени од уништените домови беа покриени со ќебиња, пишува Ројтерс.

Loading...

Некои преживеани по артилерискиот оган на руските сили се засолниле, додека други им помогнале на спасувачите да ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани, изјавил очевидец на Ројтерс.

Сцените во вториот по големина град во Украина оваа недела потсетуваат на интензитетот на руската инвазија.

Харков сè уште не паднал во рацете на руските сили

Руската армија го бомбардира и Киев, но судбината на Харков, кој географски и културно е поблиску до Русија, досега беше полоша.

Украинските власти во средата објавија дека најмалку 21 лице загинало во последните 24 часа, додека 112 се повредени во стратешки град и сообраќаен центар во источна Украина, на само неколку десетици километри од границата со Русија.

Подоцна во текот на денот, тие соопштија дека се убиени уште четири лица, а девет се ранети.

Иако е под опсада, Харков сѐ уште не паднал во рацете на руските сили. Во тешко оштетените згради владее неверување и гнев.

Loading...

– Бомбардираа станбена зграда, испукаа ракети кон неа. Загинаа многу цивили. Имам видеа од најмалку четворица мртви кои лежат на земја – изјави Виталиј Рибас, жител на Харков.

– До нас лежи мртовец. Лавров и Путин се бандити. Тие треба да бидат изведени пред лицето на правдата – додаде тој.

Злосторство против цивили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во вторник дека нападите врз Харков претставуваат државен тероризам, нагласувајќи дека главни цели на Русија се Киев и Харков.

Западните лидери, исто така, беа особено критични за ракетирањето на Харкио. Во вторникот, британскиот премиер Борис Џонсон ги спореди сцените во Харков со српската опсада на Сараево.

Тој на прес-конференција во Естонија изјави дека „има чувство дека злосторството е извршено намерно“.

– Сите овде се револтирани. Нашите куќи се бомбардирани… Ние и нашите деца… Не можеме ни леб да купиме, го гледате тоа – изјави житеничката Марија Захарова за Ројтерс.

Ден претходно Русите со проектил ја погодија зградата на регионалната влада на централниот плоштад Слобода. Експлозијата уништи импозантна зграда од советската ера и загинаа неколку луѓе.

Loading...