Стабилноста на Западен Балкан е главен стратешки приоритет на Германија

Сподели со своите пријатели

Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок по повод именувањето на Мануел Сарацин за специјален претставник на Германија за Западен Балкан изјави дека стабилноста и европската перспектива на регионот се главен стратешки приоритет на Берлин, особено во актуелната ситуација.

Loading...

„Федералната влада создаде функција на специјален претставник за да работи заедно со Западен Балкан, на многу фокусиран начин, да ги подобри нивните развојни изгледи и да ги поддржи најдобро што можеме во реформскиот процес“, рече Бурбок.

Бурбок рече дека Сарацин „ќе работи тесно“ со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина и други регионални прашања во Западен Балкан, Мирослав Лајчак, и со високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.

„Посебно сум задоволна бидејќи многу го почитувам Мануел Сарацин и добро знам дека тој со голема посветеност ги промовира интересите на Западен Балкан. Силен, стабилен и мирен регион на Западен Балкан во Југоисточна Европа ќе има клучно влијание врз иднината на ЕУ, рече шефот на германската дипломатија.

На 18 февруари, германската влада го назначи Сарацин, пратеник на Зелената партија во Бундестагот од 2008 до 2021 година, за специјален пратеник за Западен Балкан. Таа позиција не постоеше во претходните германски влади.

Сарацин претходно во неколку наврати зборуваше за ситуацијата во Босна и Херцеговина, а во мај минатата година укажа на важноста од координирана германско-француска политика за Западен Балкан, наведувајќи дека силно се противи на промената на границите во регионот.