Се предлага делумно укинување на ковид сертификатите

Сподели со своите пријатели

Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок одлучи да предложи Владата да ја укине мерката за задолжителното поседување на сертификати за вакцинација, за влез во молови.

Loading...

– Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни, рече Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Сепак мерката нема целосно да се укине, односно ќе продолжи да се бараат сертификатите во објекти каде се служи храна.