Повеќе од 2.000 Украинци биле убиени за време на седумдневниот конфликт во Украина, не сметајќи ги бранителите.
Над 2.000 Украинци се убиени за време на седумдневниот конфликт во Украина, не сметајќи ги бранителите, соопшти денеска Државната служба за вонредни состојби (СВС).
– Во текот на седумдневните вооружени конфликти, руските вооружени сили уништија стотина објекти од сообраќајната инфраструктура, станбени згради, болници и градинки. За тоа време загинаа повеќе од 2.000 Украинци, не сметајќи ги нашите бранители – објави на Фејсбук Државната служба за вонредни состојби (СВС).
Според податоците на оваа служба, нејзините припадници успеале да спасат повеќе од 150 луѓе, да изгаснат над 400 пожари предизвикани од непријателско гранатирање и да евакуираат повеќе од 500 луѓе, а деминери успешно неутрализирале 416 експлозивни направи.
При извршувањето на задачите загинале 10 спасувачи, а 13 билеповредени.
СВС соопшти и дека денеска се комплетира трансферот на седум единици современа противпожарна и спасувачка опрема во Украина, кои веднаш ќе бидат ставени во служба на спасувачките екипи.