Претседателите на Казахстан и Русија, Касим-Жомарт Токаев и Владимир Путин телефонски разговарале за ситуацијата во Украина, при што ја истакнале потребата да се постигне компромис за време на преговорите, соопшти денеска прес-службата на казахстанскиот лидер.
Loading...
Претседателот Токаев посочи дека треба да се постигне компромис за време на преговорите меѓу Русија и Украина, се вели во соопштението на прес-службата, пренесува ТАСС.
„Лидерите се осврнаа на некои актуелни прашања поврзани со економската состојба и билатералната соработка во областа на трговијата и економијата“, се додава во соопштението.