Џонсон го нарече Путин воен злосторник

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го нарече рускиот претседател Владимир Путин воен злосторник и ги повика ОН едногласно да ја осудат неговата инвазија на Украина.

Loading...

Тоа го рече во парламентот каде пратениците му аплаудираа на присутниот украински амбасадор.

Џонсон носеше брош со знамињата на Велика Британија и Украина, а многу пратеници носеа сина и жолта облека.

– Она што веќе го видовме од режимот на Владимир Путин, во употребата на муниција што веќе е фрлена врз невини цивили, според мене, веќе целосно се квалификува како воено злосторство – рече Џонсон.

Британските министри предупредуваат дека Путин, неговите пријатели и команданти би можеле да се соочат со гонење пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кој веќе започна истрага за инвазијата.

Пред гласањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Џонсон додаде:

– Ги повикуваме сите народи да ни се придружат во осудувањето на Русија и барањето Путин да ги сврти своите тенкови.

Џонсон предупреди на дополнителни санкции доколку офанзивата продолжи, повторувајќи го новиот слоган: „Путин мора да пропадне“.

Loading...

– Со херојството на украинскиот народ и единството на Западот, не се сомневам дека ќе пропадне и дека ќе успееме да ја заштитиме Украина – рече Џонсон.