Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) денеска објави дека речиси 836.000 луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на таа земја, која започна на 24 февруари.
Околу 160.000 луѓе избегаа за еден ден, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди, кој повика на итно финансирање на хуманитарна помош за Украина и оние кои побегнаа од конфликтот.
Речиси 454.000 луѓе од вкупниот број бегалци отидоа во Полска. Во Унгарија побегнале 116.348 бегалци, а во Словачка 67.000.
ОН очекуваат дека бројот на бегалци ќе продолжи да се зголемува.
ОН проценуваат дека на 12 милиони луѓе ќе им треба помош во Украина, како и на повеќе од четири милиони бегалци кои би можеле да побегнат од конфликтот.