Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Третата светска војна ќе вклучи нуклеарно оружје и ќе биде деструктивна и дека Русија нема да дозволи Украина да се здобие со нуклеарно оружје.
Loading...
Лавров оцени дека Русија, која минатата недела започна воена агресија против Украина, ќе се соочи со „реална опасност“ доколку Киев се здобие со нуклеарно оружје.
„Руската специјална операција во Украина беше започната со цел да се разоружа сегашниот режим во Киев и да се спречи тој да се здобие со нуклеарно оружје“, рече Лавров.
– Воената операција во Украина, вклучително и Киев, има за цел да ја разоружа Украина. Русија нема да дозволи Украина да добие нуклеарно оружје – рече Лавров.