САД: Руските трупи намерно ги саботираат сопствените возила за да избегнат борби

Сподели со своите пријатели

Еден дел од руските војници се предале поради слабиот морал и недостигот на храна и гориво, а некои намерно ги саботирале сопствените возила за да избегнат борби со Украинците, изјави денеска за Њујорк Тајмс висок функционер на Пентагон.

Loading...

Во некои случаи, цели руски единици се предадоа откако наидоа на изненадувачки силен отпор од украинските одбранбени сили, додаде официјалниот претставник.

Имено, значителен број руски војници се млади, слабо обучени регрути, кои не се подготвени за тотален напад каков што го започна Владимир Путин.

Во некои случаи, руските војници намерно пробиле дупки во резервоарите за гориво, веројатно за да избегнат борба, рекол официјалниот претставник.

Тоа би можело да биде една од причините зошто Русите толку бавно напредуваат

Официјалниот претставник на Пентагон не сакал да каже како американската војска дошла до ова сознание – веројатно мозаик на разузнавачки информации, што вклучува пресретнување на руски комуникации и изјави на заробени руски војници – и колку е тоа распространето.

Службеникот зборувал под услов да остане анонимен.

Кога ќе се земат предвид сите овие фактори, би можело да се објасни зошто руските сили, вклучително и озлогласениот 64-километарски конвој тенкови и оклопни возила што се упатуваат во правец на Киев, напредуваат исклучително бавно во последните денови, изјавија американските власти.

Loading...