Велика Британија воведува санкции кон Белорусија поради нејзината улога во руската инвазија на Украина, изјави министерката за надворешни работи Лиз Трас.
Loading...
Таа рече дека се воведени санкции против поединци и организации, пренесе Би-Би-Си.
„Режимот на Лукашенко активно ја помага и поддржува илегалната инвазија на Русија и ќе мора да ги почувствува економските последици од неговата поддршка за Путин“, рече Трас, пренесува Бета.