Украински министер: Русите ќе објават дека сме се предале, тоа е лага

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников објави на Твитер дека Русија планира информатичко-психолошка операција која вклучува ширење лажни вести за предавање на Украина.

Loading...

„Целта на операцијата е да се скрши отпорот на украинскиот народ и на украинската армија со лаги“, пишува тој.

„Нема предавање! Само победа!”

Русите планираат прво да ги попречат каналите за комуникација во Украина, а потоа да објават серија лажни извештаи за предавање на украинската армија и политичкото раководство на земјата.

„Во Киев сме! Нема откажување! Само победи!“ напиша министерот.