ЕУ обезбедува 500 милиони евра хуманитарна помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во вторникот објави 500 милиони евра од европскиот буџет за хуманитарна помош за Украина.

Loading...

„Ќе обезбедиме најмалку 500 милиони евра од буџетот на ЕУ за да ги ублажиме хуманитарните последици од оваа трагична војна во земјата и за бегалците“, рече Фон дер Лајен на вонредната пленарна седница на Европскиот парламент.

Според ОН, околу милион луѓе се протерани од земјата поради рускиот напад на Украина, а повеќе од 660.000 избегале во соседните земји.

Фон дер Лајен рече дека е горда на брзината со која ЕУ воведе санкции против Русија, досега најсилно против една земја во историјата на ЕУ. Таа посочи дека е свесна оти санкциите ќе се одразат и на европската економија, но дека слободата нема цена.

„Сакам отворено да зборувам со граѓаните на Европа. Издржавме две години пандемија и сите сакавме да се фокусираме на економското закрепнување. Но, верувам дека европските граѓани многу добро разбираат дека мора да се спротивставиме на суровата агресија. Заштитата на нашата слобода има цена бидејќи слободата е бесценета“, рече Фон дер Лајен.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека европските институции и владите на земјите-членки ќе мора сериозно да ја разгледаат легитимната апликација на Украина за членство во ЕУ, но дека нема едногласност.

„Советот (телото што ги претставува земјите-членки) ќе мора сериозно да го разгледа симболичното и политички легитимното барање на Украина“, рече Мишел.

„Ќе биде многу тешко бидејќи знаеме дека во Европа има различни ставови за ова“, додаде Мишел. Тој ја нарече бруталната агресија на Русија против Украина „геополитички тероризам“.

Loading...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот потпиша официјално барање за пристапување на Украина во ЕУ и побара на неговата земја да и се дозволи веднаш да стане членка, според посебна процедура, бидејќи тој се брани од инвазијата на руските сили.