Додека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров денеска се обрати на Конференцијата за разоружување во Женева, голем број официјални лица ги напуштија просториите на ОН.
Кога Лавров почна да се обраќа, украинскиот амбасадор и дипломати од голем број земји ги напуштија просториите бидејќи не сакаа да го слушнат неговиот говор.
Izaslanici EU, SAD-a i Velike Britanije napustili su salu u momentu govora Lavrova na forumu UN-a o ljudskim pravima pic.twitter.com/tN2q6BtZrj
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) March 1, 2022
Елизабет Тиши-Фислбергер, постојан претставник на Австрија во Обединетите нации и другите меѓународни организации во Женева, објави на својот Твитер профил:
„Утринава повеќе од 140 дипломати во Советот за човекови права на ОН одбија да го слушаат залудниот обид на рускиот министер за надворешни работи Лавров да ја оправда неприфатливата воена агресија. Погледнете ги како излегуваат од Градското собрание“, напиша таа.
Да потсетиме, Лавров се обрати пред Советот за човекови права на ОН со однапред снимена порака.
This morning in the UN Human Rights Council more than 140 diplomats refused to listen to Russian Foreign Minister Lavrov’s futile attempt to justify unacceptable military aggression. Watch them leave the Council Chamber. pic.twitter.com/Syox5sTvaD
— Elisabeth Tichy-Fisslberger (@tichy_e) March 1, 2022
Тој во своето обраќање зборуваше за гранатирање на граѓани во Донбас и масовни гробници, кои, како што рече, ги извршиле властите од Киев. Тој го обвини Западот дека тогаш не реагирал.