Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат утре

Сподели со своите пријатели

Преговорите меѓу руската и украинската делегација ќе продолжат и утре, пренесува ТАСС.

Loading...

Според него, повикувајќи се на украинскиот весник „Жеркало недели“, нова рунда преговори е закажана за 2 март.

Белорускиот политиколог Јуриј Воскресенски за РИА Новости изјави дека вечерва во Белорусија ќе почнат да пристигнуваат членови на делегациите на Русија и Украина, со цел да учествуваат во втората рунда преговори, пренесува Спутник.

Тој додаде дека ќе се водат преговори на полско-белоруската граница.

Првата рунда преговори се одржа вчера, а разговорите траеја пет часа.