Излезот на украинските војници во Азовското Море е целосно блокиран, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков.
„Одредите на народната милиција на ДНР стигнаа до административната граница на регионот Доњецк и се поврзаа со воените единици на вооружените сили на Руската Федерација, кои ја презедоа контролата врз регионите на Украина долж брегот на Азовското Море. “, рече Конашенков.
Според него, од денеска целосно е блокиран излезот на вооружените сили на Украина кон Азовското Море.
Конашенков рече дека од почетокот на специјалната операција, руските вооружени сили уништиле 1.325 украински воени објекти.
Генералот додаде дека се уништени 395 тенкови и други борбени оклопни возила, 59 повеќецевни ракетни системи, 179 топови и минофрлачи од полска артилерија и 286 единици специјални воени возила.