Украина: Војската на Белорусија влезе на наша територија и им помага на Русите

Сподели со своите пријатели

Украинскиот парламент на социјалните мрежи објави дека белоруската армија влегла на територијата на Украина.

Loading...

„Белоруските трупи влегоа во регионот Чернихив. Информацијата во јавноста ја потврди Виталиј Кирилов, портпарол на Територијалните одбранбени сили Север. Повеќе детали подоцна“, се вели во соопштението.

 

 

Претходно белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави за државните медиуми дека неговите сили нема да им се придружат на руските трупи во инвазијата на Украина.

Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека „белоруската армија не учествува во воени акции и никогаш не учествувала“.

„Можеме да го докажеме тоа на сите. И повеќе од тоа, руското раководство никогаш не ни го постави тоа прашање – прашањето за нашето учество во вооружениот конфликт. И немаме намера во иднина да учествуваме во оваа специјална операција во Украина. Нема потреба од тоа“, рече Лукашенко.

Loading...