Не ви треба омекнувач: Направете го ова и крпите ќе ви бидат секогаш меки

Сподели со своите пријатели

Има луѓе кои сакаат нивните крпи да бидат прилично вкочанети по миењето, додека некои уживаат да се бришат со меки крпи. Доколку припаѓате на оваа втора група, постои одличен начин да ги направите вашите крпи помеки.

Loading...

Тениски топчиња

Се што треба да направите е да ставите неколку тениски топчиња додека го сушите пешкирот во машината. Овој трик „работи“ при сушење перници или јакни, како и секоја друга гардероба која треба да биде мека.

Освен тоа, експертите велат дека тениските топчиња ќе помогнат алиштата да се исушат побрзо бидејќи ја стимулираат циркулацијата на воздухот низ влакната додека алиштата се во машината.

 

 

Што да направите ако немате машина за сушење? Измијте ги крпите во хотелски стил!

Loading...

Вода од ориз

Би помислиле дека хотелите користат висококвалитетен детергент или прашок за постелнината да биде толку мека и бела. Излегува дека хотелите користат ист детергент купен во продавница, исто како и сите нас, бидејќи таквиот детергент за перење има неутрална pH вредност потребна за одржување на ткаенините.

Комерцијалната верзија на детергентот е генерално поостра, со посилен pH фактор што може да ги оштети основните квалитети на луксузниот хотелски пешкир. Значи, не мора да го менувате детергентот за да имате миризливи и меки крпи како во хотел. Она што треба да направите е да додадете скроб од ориз во процесот на миење!

 

 

Блогерката Шенон Леш, која светската слава ја стекна само благодарение на советите за чистење, изјави за Дејли Меил дека скробот од оризова вода им дава на постелнината и крпите познатото луксузно, меко чувство. Доволно е во две чаши обична вода да додадете една шолја вода која останала по зовривањето на оризот и убаво да се измеша. Земете раствор од ориз и вода, истурете една шолја во дупката за прав на машината за перење и половина шолја директно во машината, заедно со крпи. Оризов скроб ја одржува ткаенината мазна.