Во Киев ноќта помина мирно, забранета продажба на алкохол

Сподели со своите пријатели

Ноќта во главниот град на Украина Киев помина мирно, соопшти градската управа.

Loading...

Имаше неколку судири меѓу украинската територијална одбрана и саботери, јавува Украинската правда, а градските служби подготвуваат одбранбени објекти на влезовите во градот.

Во Киев има струја, вода и греење, а болниците работат со зголемено темпо и имаат се што им треба, пренесува Танјуг.

Од денеска во Киев е забранета продажбата на алкохолни пијалаци, а истите ќе бидат отстранети од продавниците.