Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео на Фејсбук во кое го коментира нападот утринава врз Харков.
Loading...
„Злото, вооружено со ракети, бомби и артилерија, мора веднаш да се запре. Економски уништи. Мора да покажеме дека човештвото е способно да се заштити“, рече Зеленски.
Тој изјави дека Русите знаеле каде пукаат.
„Руските сили денеска брутално го гранатираа Харков. Ова е воено злосторство. Мирно место, мирни граѓани. Нема воени објекти. Ова е намерно уништување на луѓе“, рече украинскиот претседател.
„Поради ова злосторство тој дефинитивно ќе оди пред Меѓународниот суд на правдата. Ова е кршење на сите конвенции. Никој во светот нема да ви прости што убивте мирни Украинци“, рече тој.