Ова е шестиот ден од руската инвазија на Украина. Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Белорусија нема да им се придружи на руските трупи во инвазијата на Украина.
Loading...
Тој рече дека белоруските сили досега не учествувале во воени акции.
„Можеме да му докажеме на секого. Руското раководство никогаш не ни го покрена ова прашање – нашето учество во вооружениот конфликт. И ние немаме намера да учествуваме во оваа специјална операција во Украина во иднина. Нема потреба за тоа“.
Лукашенко: Белорусија нема да се приклучи на руската интервенција на Украина