Гугл Мапс ги изгаси информациите во реално време за случувањата во Украина

Сподели со своите пријатели

Компанијата соопшти дека ја презела мерката во консултација со украинските власти за да го заштити населението.

Loading...

Гугл собира податоци за локацијата преку паметните телефони со Андроид и ги користи за да ги идентификува сообраќајните метежи или други големи тешкотии во сообраќајот.

Во Украина, ова овозможи во реално време да се следи дали цивилите се заглавени во сообраќаен метеж додека бегаат од налетот на руските војници.

 

 

Исклучувањето на сообраќајните текови е дел од пакетот мерки што Гугл ги лансираше минатата недела.

„Нашиот тим за одговор на инциденти активно ја следи војната во Украина и работи 24 часа на ден, фокусирајќи се на безбедноста на нашите вработени, корисници и клиенти“, објави Гугл на Твитер.

Loading...

Гугл обезбедува и техничка поддршка за заштита на украинските веб-страници од сајбер напади.

Алфабет не ги оневозможи примарните функции за навигација преку Гугл Мапс во Украина.