Бугарија, Полска и Словачка донираат 70 борбени авиони за Украина!

Сподели со своите пријатели

Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина соопшти дека земјата од својот партнер ќе добие 70 борбени авиони МиГ-26 и Су-25.

Loading...

Доколку е потребно, тие авиони можат да бидат распоредени и на полските аеродроми, од каде што украинските пилоти ќе извршуваат борбени задачи, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук, пренесува агенцијата Интерфакс Украина.

Според командата на украинските воздухопловни сили, Бугарија ќе даде 16 авиони МиГ-29 и 14 Су-25, Полска – 28 авиони МиГ-29, а Словачка – 12 авиони МиГ-29.