Во окупираниот град излегоа пред руски војници: „Ова е Украина, оедете си дома!“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руските сили во неделата ја презедоа контролата врз градот Бердјанск на брегот на Азовското Море, изјави во неделата портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Во Бердјанск, кој има околу 100 илјади жители, има помала поморска база.

 

 

На социјалните мрежи во понеделникот се појавија снимки од жителите кои протестираат пред вооружените руски војници.

Демонстрантите извикуваа „Бердјанск е Украина“, „Одете си дома“ и ја пееја украинската химна.