Финска, неврзана, но членка на Европската унија, во понеделникот објави дека донела историска одлука да испрати оружје во Украина по руската инвазија на земјата, а во низата земји кои одлучија да испратат воена помош за Украина е и Италија.
„Финска ќе испрати воена помош за Украина. Тоа е историска одлука за Финска“, рече премиерката Сана Марин на прес-конференција.
„Тоа се 2.500 јуришни пушки, 150.000 парчиња муниција, 1.500 ракетни фрлачи и 70.000 пакети со храна“, рече министерот за одбрана Анти Кајконен.
Италија, исто така, ќе испрати воена опрема во Украина, објави во понеделник владата на Марија Драги, без да го прецизира видот или вредноста на опремата.
На седницата, италијанската влада одлучи да „испрати воени средства, материјали и опрема до украинските власти“ врз основа на „одлука за итни мерки во врска со влошувањето на украинската криза“, наведува владата.
Засега ништо не се знае за видот и вредноста на опремата што треба да се испрати.
– Одлуката на Италија да испрати воена помош за Украина доаѓа по слична одлука на САД, Европската унија и голем број други европски земји, меѓу кои Германија и Франција. Италија исплати 110 милиони евра помош за украинската влада во неделата, „конкретен знак на солидарност и поддршка“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.
Во образложението на таа одлука министерот рече дека „Украина е под опсада без да направи ништо лошо и руската влада ја напаѓа со постојано бомбардирање“.
„Мирот е целта на која работиме сите секој ден и на руското оружје ќе одговориме со санкции“, додаде тој. „Европската унија и сите нејзини сојузници мора да се обединат и да останат обединети.