Агенцијата за аудио и аудиовузелни медиумски услуги „АВМУ) доставила известување до кабелските оператори, во кое се повикува на препораката од Владата да се прекине реемитување на каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација, јавуваат националните медиуми.
Препораката доаѓа по одлуката на земјите членки на Европската Унија да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ.
Операторите имаат рок од три дена да ја известат Агенцијата за преземените активности.
Препораката потенцијално се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик.

