Преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина завршија, соопшти денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.
Не се објавени други детали.
Како што претходно соопшти руското Министерство за надворешни работи, денеска почнаа преговорите во регионот Гомел.
Руската делегација ја предводеше советникот на шефот на државата Владимир Медински, а во неа беа и заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана Александар Фомин и претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на Думата Леонид Слуцки, јави Тас.
Министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников е на чело на украинската делегација во која се советникот на началникот на Генералштабот Михаил Подољак, лидерот на слугата на народот Давид Арахамија, министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников, шефот на украинската трилатерална контакт група Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик министерот за надворешни работи Николај Точицки.
Како што претходно објави украинската агенција УНИАН, клучна тема на преговорите е итен прекин на огнот и повлекување на руските војници од територијата на Украина.