Руската управа за цивилно воздухопловство го затвори својот воздушен простор за превозници од 36 земји, јавува Си-Ен-Ен.
Според соопштението на оваа институција, одлуката е донесена како одговор на забраните воведени од европските земји за превозници регистрирани во Русија.
Во неделата, Европската унија го затвори воздушниот простор за сите авиони во руска сопственост, регистрирани во Русија или под руска контрола.
Ваква одлука донесе и Македонија.