ОН: Повеќе од половина милион луѓе ја напуштија Украина од почетокот на инвазијата

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 500.000 луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија, според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Таа информација денеска на Твитер ја изнесе високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Според последните податоци, кои се менуваат од час во час, околу 281.000 луѓе влегле во Полска од Украина, повеќе од 84.500 во Унгарија, околу 36.400 во Молдавија, 32.500 во Романија и околу 30.000 во Словачка, изјави портпаролката на УНХЦР Шабија Манту.

Нема податоци за бегалци во други земји.