Бранителите на мал украински остров во Црното Море можеби се живи, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на официјални владини органи.
Вчера беше објавено дека војниците можеби се живи. Денеска, јавуваат украинските новинари, тоа е потврдено. Војниците во моментов се руски затвореници.
Претседателот Зеленски и СБГСУ во петокот објавија дека сите војници биле убиени откако руските сили окупирале мал остров.
„Прелиминарните информации дека граничарите се мртви пристигнаа пред да изгубиме контакт со нив“, се вели во соопштението.
Рускиот генерал-мајор Игор Конашенков изјави во петокот дека 82 украински војници „го оставиле оружјето и доброволно се предале на единицата на руските вооружени сили“.
82 украински војници од „Змискиот остров“ се предале на Русија (ВИДЕО)
Во соопштението на СБГСУ се додава дека „руските медиуми објавија дека украинските војници на островот биле испратени во Севастопол на Крим“.
Во петокот се појави аудио снимка од наводната комуникација меѓу командантите на руските и украинските сили на Змискиот остров.
На снимката прво се слуша припадник на руската армија:
„Ве повикувам од руски воен брод. Ви предлагам да го оставите оружјето, да се предадете и да избегнете крвопролевање и непотребни жртви. Ако не се согласувате, ќе ве бомбардираме“, се вели.
Украинците потоа одговараат кратко и јасно: „Е*ете се“.