Британскиот Тајмс објави дека рускиот претседател Владимир Путин испраќа група од околу 400 платеници од т.н. Вагнер група, за да го убие украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Групата Вагнер е приватна милиција која, според Тајмс, добила наредба од Владимир Путин да го убие Зеленски и 23 други украински владини функционери, што би ѝ олеснило на Москва да ја преземе контролата врз Украина.
Станува збор за група високо обучени платеници контролирани од Евгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател кој често го нарекуваат „готвачот на Путин“.
Тие наводно пристигнале пред пет недели и им биле понудени огромни суми пари за атентатот на Зеленски.
Би-би-си минатата година пишуваше за тајните акции на руските платеници во Сирија.
Сакаат да ги убијат и браќата Кличко?
Тајмс вели дека сѐ уште се чека зеленото светло на Москва за мисијата.
Заедно со Зеленски, на списокот на лица што треба да бидат убиени се и украинскиот премиер, целата влада, градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир.
Според Тајмс, високи претставници на украинската влада биле информирани за нивните планови во саботата наутро.
Затоа, според Тајмс, во Киев е прогласен „тврд“ полициски час кој траеше 36 часа.
Борбите во Киев продолжуваат. Властите до граѓаните: Не излегувајте од куќите
На граѓаните им било кажано да останат во своите куќи за да може војската да ги „чешла“ улиците на Киев во потрага по руски диверзанти.
Граѓаните на Киев се предупредени да ризикуваат „ликвидација“ доколку бидат фатени на улица за време на полициски час, бидејќи украинската војска би можела да претпостави дека се саботери.
400 платеници од Белорусија тргнале кон Киев?
Извор запознаен со активностите на Вагнер групата изјави за Тајмс дека во Украина во јануари пристигнале меѓу 2.000 и 4.000 платеници, но со различни задачи.
Некои од нив беа испратени во сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина, а 400 од нив, на кои им било наредено да го убијат Зеленски, од Белорусија се упатиле кон Киев.
Руски војници го зазедоа Бердањск: Пристигна потврда од кабинетот на Зеленски!
Платениците, наводно, ги следат Зеленски и неговите колеги преку нивните мобилни телефони и тврдат дека знаат каде се во секој момент.
Друг извор за Тајмс изјави дека мисијата за убиство на Зеленски засега е паузирана, барем додека Русија разговара со Украина.
Да потсетиме, претпладнево се водат разговори на границата со Белорусија.
Но, наводно, на платениците им било кажано дека Путин нема намера да постигне мировен договор и дека ги искористил преговорите на белоруската граница како стратешки трик.
Да потсетиме, Зеленски во неколку наврати изјави дека е „мета број еден“, додавајќи дека руските специјални сили го бараат.