Вкупно 17 казни биле изречени викендов во Куманово поради управување возило под дејство на алкохол, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи.
– Во текот на изминатиот викенд ( 26/ 27.02.2022 ) на подрачјето на СВР Куманово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 17 возачи, стои во соопштението.
Засилените акциски контроли, велат од кумановската полицијата, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од СВР Куманово.
Никола Ивановски

