Украинското Министерство за одбрана на Твитер препрати податоци за руски загуби, во кои се наведува дека Русите изгубиле околу 5.300 луѓе.
Според податоците, Русите од 24 до 28 февруари изгубиле и 29 авиони, 191 тенк, 816 оклопни борбени возила, 74 топови и два брода.
Русија сè уште не објави никакви информации за своите загуби, но портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков во понеделникот даде информации за тоа колкава штета предизвикала руската армија.
Сумарні орієнтовні втрати 🇷🇺 з 24.02 по 28.02 станом на 6.00
Літаки 29
гелікоптери 29
Танки 191
Бойові броньовані машини 816
Гармат 74
ЗРК БУК 1
Град 21
Автомобільна техніка 291
Цистерни 60
БпЛА ОТР 3
Кораблі/катери 2
Засоби ППО 5
Особовий склад орієнтовно 5300(уточнюється) pic.twitter.com/Rnb9KVSF07— ВОЇНИ УКРАЇНИ🇺🇦 (@ArmedForcesUkr) February 28, 2022
Така, руската новинска агенција Интерфакс објави дека Русите уништиле 1.114 единици воена инфраструктура во Украина.
Во последните 24 часа руското воено воздухопловство уништи „осум украински борбени возила за системот за воздушна одбрана Бук М-1, станици за наведување ПВО С-300 и Бук М-1, три радарски локации и еден борбен авион“, рече Конашенков.
И Русите тврдат дека воспоставиле контрола над украинскиот воздушен простор, но Си-Ен-Ен наведува дека ниту ова, ниту другите тврдења за успехот на руската војска, не може да се потврдат.
Руски војници го зазедоа Бердањск: Пристигна потврда од кабинетот на Зеленски!