Блинкен: Санкциите ќе ја ограничат способноста на Русија да води војна

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека финансиските санкции наметнати од Јапонија кон Русија, заедно со санкциите од другите сојузници и партнери, ќе помогнат да се наметнат огромни трошоци за Русија и ќе ја ограничат нејзината способност да води војна против Украина, соопшти Стејт департментот.

Loading...

„Потврдуваме дека светот никогаш не бил похармоничен од денес во одбраната и зачувувањето на слободата и суверенитетот на Украина и другите земји“, рече Блинкен во разговор со јапонскиот министер за надворешни работи Јошимас Хајаши и другите лидери на Г7.