Бајден денеска со сојузниците за развојот на ситуацијата во Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе разговара со сојузниците и партнерите за развојот на ситуацијата во врска со рускиот напад врз Украина, како и за преземање „координиран одговор“, соопшти Белата куќа.

Loading...

Не е прецизирано со кого Бајден ќе има средба по телефон.

Разговорите се закажани за денеска во 16.15 часот по локално време, соопштија од Вашингтон.

Земјите од Г7, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД вчера предупредија дека ќе преземат „понатамошни мерки“ покрај веќе најавените санкции, доколку Русија не ги прекине воените операции во Украина.