Претседателот на самопрогласената Народна Република Доњецк Денис Пушилин денеска соопшти дека општата мобилизација е прекината.
Loading...
Пушилин за „Русија 24“ изјави дека мобилизацијата се прекинува бидејќи веќе е пополнета потребната бројка во насоките во кои била насочена мобилизациската кампања, пренесува РИА Новости.
Рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари потпиша указ за признавање на самопрогласените Доњецк и Лугански народни републики, а рано наутро на 24 февруари Русија започна воена операција во Украина.